Во пресметката на поранешните предизвикувачи во тешка категорија Енди Руиз Јуниор (31-1, 20 КО) го победи Кевин Џонсон (32-10-1, 16 КО).
Во втората борба по поразот од Џозеф Паркер во мечот за испразнетата титула на ВБО во 2016 година, 28-годишниот Американец во Фресно, Калифорнија, со едногласна одлука на судиите го совлада 10 години постариот сонародник (97-93, 97-93, 99-91).
На Џонсон ова му беше втор последователен пораз. Во март загуби во Германија со технички нокаут од Питер Милас.
Руиз по победата го предизвика Џарел Милер.