На вчерашниот Плеј-офф турнир на каратистите во кадетска, јуниорска и јуниосрка конкуренција до 21 година беше во границите на очекуваното. Најдобрите во категориите од Изборниот државен турнир што се одржа минатиот викенд сега мораа во меѓусбени пресметки да покажат кој е најдобар за да се доближат до местото во репрезентацијата за Светското првенство во Индонезија во ноември.
Многумина, според берегеровиот систем на вреднување ќе треба своите места да ги потврдат и на турнирот во Риека, Хрватска.
Покрај тешките борби, каратистите имаа и тешки услови за работа, бидејќи температурата во салата беше превисока.
Екипата на Металург е најуспешна со вкупно 14 пласамни (7-прво место, 4-второ и 3-трето), потоа следуваат Ронин (3-3-3), Макпетрол (3-2-2), Фати (3-1-0), Олимпик спорт (3-1-0) итн.
Победниции по категории станаа: Војдиновска Маја Гладијатор – Велес и Исиќ Ферри Вардар – Скопје- јуниори -21 кати;
јуниори -21 кумите -55 кг Симоноска Сара Спорт 94, -61кг Манева Бојана Штип, -60 кг Стојменов Мартин Партизан – Кочани, -67 кг Мехмед Адил Металург, -75 кг Заборски Петар Макпетрол, -84 кг Крстевски Виктор Металург, +84 кг Ќосовиќ Семир Металург.
Јуниори ката: Димоска Маријана Ронин, Мустафовски Реџеп Фунакоши Гичин.
Јуниори кумите: -48 кг Ристиќ Христина Ботони, -59 кг Пендаровска Моника Макпетрол, +59 кг Мојсовска Ангела Макпетрол; -55 кг Фетаи Ули Фати, -61 кг, Рамадани Шкелќим Башкими 2002, -68 кг Костиќ Стефан Металург, -76 кг Османи Доан Фати и +76 кг Спасеновски Петар Металург.
Кадети кати: Камческа Кириана Ронин и Идризи Абдурахим Форца.
Кадети кумите: -47 кг Ајдини Верона Форца, -54 кг Гафури Вјолца Фати,+ 54кг Јањиќ Емилија Олимпик Спорт 2007, -52 кг Весели Фахик Олимпик Спорт 2007, -57 кг Смилковски Столе Олимпик Спорт, -63 кг Ацковски Роберто Металург, -70 кг Несторовски Филип Металург и +70 кг Мурати Вегим Шкендија.
Кадети-јуниори ката екипно женски: Ронин – Прилеп.
Кадети-јуниори ката екипно машки: Гладијатор – Велес.
Резултати од Плеј-офф турнирот за јуниори 21, јуниори и кадети
ipon.mk/В.Д.