Најдобрата европска екипа во бокс доаѓа во Штип, европскиот првак Сесвете од Загреб, Хрватска, ќе се сретне со домашната екипа Пинк Пантер во рамките на третото коло на Регионалната боксеркса лига. Штипјани и сите љубители на боксот во Македонија во петок ќе може да проследат вистински спектакл со почеток во 19 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“.
На рингот во Штип се очекува да се појават актуелниот вицешампион од ЕП во Романија во У-22 кое заврши пред три недели, Лука Плантиќ, потоа Тони Филипи кој гоосвои првото место на силен турнир во Русија и други хрватски боксери.
Најавени се гости од Македонскиот олимписки комитет, претседателот на Тренерската комисија на ЕАБА и претседател на Боксерскиот сојуз на Хрватска, Боно Бошњак. Реномираната ТВ куќа Арена спорт доаѓа во Штип за да направи специјална емисија, затоа што според бокс стручњаците досега Пинк Пантер се покажал до најдобра организација и со најдобра атмосфера и преполна сала.
„Екипата е подоготвена. За прв пат ни гостува толку голема екипа која е со врвен боксерски квалитет. Доаѓаат во четврток со авион, а си змаинуваат во сабота. Тоа доволно зборува за каква екипа станува збор. Иако претрпевме два порази, воопшто не разочарвме, туку покажавме дека сме тврд орев за искуните волци. Но, како ќе стекнуваме иксуство, така ќе бидеме посилни“, вели претседателот на клубот Илија Младеновски.
Тој истакнува дека салата „Јордан Мијалков“ ќе биде преполна во петок и највува дека ова ќе биде најголемиот спорстки спектакл што се одржал во Штип во последните години.
„Се докажавме како сериозни организатори во боксот.Ова ќе биде најдобрата и најголемата организација на една боксерска приредба“, нагласува Младеновски.
Ipon.mk/В.Д.