Во ООУ „Братство“ МОК го одбележа Денот на спортот (ФОТО)

MOK dzudo den na sportot

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денес го одбележа Меѓународниот ден на спортот за развој и мир на Обединетите нации, за кој за прв пат се одржа прослава во 2014 година, со што се нагласија искрените напори за развој и градење на мирот преку спортот.

Mok karate den na sportot

Во соработка со Општина Карпош и ООУ „Братство“ заедно го одбележаа овој меѓународен настан, кој е дел од 200 глобални проекти и настани кои се одржуват во повеќе од 80 држави низ целиот свет. Претходнитер две изданија беа во Тетово и Скопје. Меѓународниот олимписки комитет, како и Здружението на летните олимписки меѓународни федерации, силно ги охрабрија своите членки, националните олимписки комитети и спортските федерации да учествуваат во организацијата на овој настан.

MOK dens na sportot site ucesnici

Исто така, од страна на Канцеларијата за спорт на ООН, беше лансирана дигитална кампања за развојот и мирот преку спортот, проект кој го прикажува позитивното влијание на спортот и може да придонесе кон унапредување на човековите права како и да донесе одредени социјални и економски промени.

Cile i MOK den na sportot 2016

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON