Питер Дејвис експерт од САД ќе држи предавања во МОК за идентификација на таленти и постигнување врвни резултати

Piter Dejvis na gosti kaj MOK

Од 17 до 20 април во посета на Македонскиот олимписки комитет (МОК) ќе пристигне д-р Питер Дејвис, поранешен директор за обука на тренери и спортски науки на Американскиот олимписки комитет, меѓународно признат експерт за менаџмент на врвни спортски перформанси, како и за имплементација на стратегии за постигнување на високи спортски резултати

Целта на оваа соработка е изработување на долгорочна развојна стратегија за постигнување на врвни спортски резултати, која ќе треба да се направи врз основа на комуникација, консултација, координација и во соработка со националните спортски федерации.
Овој проект на МОК е веќе почнат на повеќе нивоа и во повеќе фази и ќе продолжи да се имплементира за периодот 2016-2024 година, а насочен е кон изградба и имплементација на квалитетен и одржлив спортски систем, од ниво на селекција и идентификација на спортски таленти, сѐ до изработување програми за постигнување на високи спортски резултати. Д-р Дејвис, за време на својот престој, за потребите на НСФ, ќе одржи презентација со наслов “Креирање на успешна спортска програма: Од идентификација на таленти до постигнување на врвен спортски резултат”.
Д-р Дејвис има изработено развојни спортски стратегии за 16 национални спортски системи и има работено за преку стотина меѓународни и национални спортски федерации (НСФ).
Поканети се претседателите и генералните секретари на НСФ да ги спроведат спортските планови и програми. Тие ќе имаат можност и за директна средба со д-р Дејвис.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО