Во недела во Прилеп семинар за измените на правилата во олимпискиот циклус 2022 – 2024

Измените на правилата кои ќе важат во олимпискиот циклус 2022 – 2024 година ќе бидат главна тема на едукацискиот семинар за тренери и судии кој во недела на 10 април ќе се оддржи во Прилеп во организација на Џудо федерацијата на Македонија, согласно препораките и насоките издадени од Европската џудо федерација,

Томе Јосифоски, ИЏФ континентален судија и Дејан Мицкоски, лиценциран тренер, се предавачи на семинарот кои на тренерите и судиите ќе им ги пренесат сите промени кои беа претставени на семинарот одржан во Лисабон, Португалија.

Освен тоа, семинарот ќе се искористи и за обновување на лиценци за џудо судии за тековната 2022 година за сите судии кои не беа во можност да присуствуваат на семинарот во одржан во Прилеп на 13 февруари оваа година.

Семинарот ќе се одржи во просториите на училишниот дом „Орде Чопела“ на ул Самоилова 41, со техничка организација на Џудо клуб Сеишин од Прилеп.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON