Во недела (14 мај) ќе се одржи Државно првенство во кик бокс за сите возрасни категории во дисциплините кик лајт, лајт кик и MMA.
Првенство ќе се одржи во 5-тата хала на Скопскиот саем во Скопје.
Борбите почнуваат во 13 часот, а од 08:30 до 10:30 е контролното мерење на натпреварувачите.
Претходно ќе се одржи состанок со претседателот на Кик боксинг федерација на Македонија (КБФМ) и сите претседатели на клубовите кои членуваат во КБФМ. Потоа е судискиот семинар за подготовка за натпревар, како и тренерскиот семинар.
Натпреварите ќе се одржат во следните возрасни категории:
-деца (6-7 години) деца (8-9 години)
-помлади кадети (10-12 години),
-постари кадети (13-15 години),
-јуниори (16-18 години),
– сениори (со полни 18 и над 18 години)
(овие дисциплини се на татами)
-помлади јуниори(15 и 16 години)
-постари јуниори (17 и 18 години)
– сениори (со полни 18 и над 18 години)
(дисциплини на ринг).
Ipon.mk/В.Д.