Во недела во хотелот „Алекасандар палас“ во Скопје со почеток во 18 часот ќе се одржи промоцијата на монографијата „Македонски сон: Ние сме светски шампиони“ од проф, д-р Ванчо Чифлиганец и Славчо Тодоров. Во исто време ќе се промовира истоимениот документарент филм во режија на Јани Бојаџи и сценарио на Сашко Насев.
Моногрфаијата и докуменатрниот филм се посветени БК Бучим од Радовиш кој во 1996 година стана светски клупски првак во борење слободен стил под името БК Бучим-Јака.