Во недела е дебито на „Штипски карате асови“

Во недела ќе се одржи првиот турнир „Штипски карате асови“ во организација на еден од најдобрите и најтрофејните Карате клубови во Македонија КК „Штип“.

Турнирот ќе се одржи во Спортскиот центар Јордан Мијалков со почеток од 10 часот и ќе има меѓународен карактер.

„Во недела за првпат ќе се одржи меѓународен турнир „Штипски карате асови“. Турнирот го организираме јас и мојот брат Сашко Арсовски со цел да прерасне во традиција. Мислам дека Штип заслужува еден ваков турнир и се надеваме на голема поддршка од сите каратисти во Македонија, а со цел голема промоција на каратето како спорт. Досега се најaвeни каратисти од Балканот односно од Грција, Косово и Србија“ истакна Арсовски

Штипската екипа ќе ја предводат браќата и организатори на  турнирот Сашко и   Жарко Арсовски  и Емил Павлов. Се очекуваат добри настапи на Андреј Басаров, Љупче  Михајлов, Паола Арсовска, Душица Бреслиева, Драгана Ефтимовска.

Турнирот во Штип  е увертира и на Државното првенство во карате  кое ќе се одржи на крајот на месецот.

Да потсетиме, во минатото во Штип се организираше силен карате турнир на кој учествуваа најсилните карате клубови од Македонија, Југославија, а имапе и од други држави. Тогашниот турнир „7 Мај“ го организираше КК Партизан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON