Во недела: Државно изборно првенство во борење за У-23 во Прилеп

Во недела (12 февруари) ќе се одржи Државното изборно првенство во борење за У-23 во Прилеп.

Организатор на првенството е прилепскиот клуб „7 Мај Леов“ со Федерацијата за боречки спортови на Македонија и ќе се одржи во салата „Добре Јованоски“ со почеток во 11 часот.

Изборното првенство е од селективен карактер за репрезентативниот состав кој треба да не претставува на Европското првенство за У-23. Се очекува во секој момент да биде симната суспензијата на ФБСМ од страна Обединетото светско борење (ОБС/UWW), така што макеоднската репрезентација ќе може да настапува на меѓународните првенства.

Да потсетиме дека во 2015 година Халил Зубаиров по долгогодишен пост на македонското борење го освои сребрениот медал на Европското првенство во Полска во оваа конкуренција.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON