Шампионот на Глори во тешка категорија, Рико Верховен, во романскиот Сибиу имаше ММА деби.
„Принцот“ на Real Xtreme Fighting настанот со технички нокаут за 2 минути и 10 секунди од борбата го победи Германецот Виктор Богуцки (0-2).
Холанѓанецот го отвори мечот со два ниски удари-лоу кикови, на што Богуцки одговари со лево кроше и правеше притисок. Верховен успева да ескивира и да го нокаутира противникот. Од полугард доаѓа во фул маунт и со гранд и паунд го завршува Богуцки.
Верховен на 4 декември во Амстердам по вторпат ќе ја брани титулата на Глори против Бенџамин Адегбај, кој беше во публиката во Сибиу.
Мечот на Верховен започнува на 03:49:00
https://youtu.be/R1Mktjsl_Is