Во Лајпциг почнува бркотницата за подобро место на Ранг листата на ВКФ

Во есенското коло од Карате 1 Премиер лигата во Лајпциг, Германија, од 8 до 10 септември ќе настапат 1384 каратисти од 351 клуб во светот, од кои 27 се од Македонија.

Најмногу учесници има во ката мажи 183 натпреварувачи, а кај жените во кати се 124, кај ката тимовите има 9 екипи во машка конкуренција и 4 во женска. Во борби најбројна е категоријата до 67 килограми со 164 каратеки – мажи, потоа следат и другите машки категории: -75 кг – 158 учесници, – 84 кг – 139, + 84 кг – 103 и – 60 кг – 100. Кај жените: -61 кг – 98 натпреварувачки, -55 – 102, -68 – 77, +68 – 69 и -50 кг -64.

Големиот борј на учесници е поради наметнатите правила од страна на Светската карате федерација (ВКФ) од 1 јануари 2018 година да го ограничи борјот на учесници во категорите, по 64 натпреварувачи во секоја категорија, односно по еден од држава. Изборот ќе се прави од Ранг листата на ВКФ, при што првите 50 имаат предност. За нашите каратисти е битно тоа што Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на каратистите што се меѓу првите 50 на Ранг листата целосно ќе им ги покрива трошоците за натпреварите и подоготовките. Ова е добра можност за проврека на формата пред Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тенерифе, Шпанија, од 25 до 29 октомври.

Од друга страна, од идната година почнуваат квалификациите за Олимписките игри во Токио 2020 година, кога каратето за прв пат ќе дебитира на Олимпијадите. Поради овие причини, Премиер лигата до крајот на годината ќе има максимална посетеност и ќе го надминува квалитетот и на светските првенства. Кој ќе избори подобра позиција, ќе има поголеми шанси за Олимпијадата во Јапонија. По Лјапциг следуваат Истанбул (23 и 24 септември), Ротердам (7 и 8 октомври) и Окинава (25 и 26 ноември).

Македонија ќе ја претставуваат каратистите:

-60 кг Емил Павлов – Штип

-67 кг Димитар Илиевски – Ботони, Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов, Давид Петков – Металург  

-75 кг Азиз Исмаил – Металург, Петар Заборски – Макпетрол, Енес Смаилагиќ – Цветан Димов, Доан Османи – Фати

-84 кг Берат Јакупи – Асиарт, Петар Спасеновски и Виктор Крстевски– Металург, Сашко Патраклиев – Македонка

+84 кг Мартин Несторовски – Металург, Жарко Арсовски –Штип, Семир Ќосовиќ – Металург

-50 кг Сара Радичевска – Макпетрол

55 кг Симона Заборска и Моника Пендароска – Макпетрол, Сара Крстевска – Металург, Јована Георгиева – Олимпик спорт

61 кг Наташа Стефановска – Макпетрол, Вероника Костовска – Кеикс

68 кг Моника Стефановска и Ангела Мојсовска – Макпетрол, Бојана Манева – Штип

+68 кг Драгана Тодоров – Металург;

кати Пуликсенија Јованоска – Ронин.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON