Во Крушево со кове олимпискиот медал на Дејан Георгиевски (ФОТО)

Македонската таеквондо репрезентација е на подготовки во Крушево, пред за подигање на формата на Дејан Георгиевски за Олимписките игри во Токио ова лето.

„Моментално сме во Крушево. Тука сме 12 дена, со нас се пет спаринг партнери од Македонија за да ни помогнат …. Решивме овие 12 дена да бидат комбинација на базични и тактички подготовки, затоа што Дејан е одлично физички подготвен и наша задача е да ја одржиме таа форма со благ раст кој ќе биде доволен за тоа што го посакуваме“, велат од Македонската таеквондо федерација и додаваат:

„По Крушево заминуваме во Словенија каде што ѓе останеме шест дена. Таму не чекаат спаринзи со Иван Трајковиќ од Словенија, кој исто така има обезбедено олимписка норма. По Словенија имаме неколку дена пауза и одиме 12 дена во Охрид. Таму бидат исклучително техничко-тактички подготовки, исто така и таму ќе заминат неколкумина спаринг партнери за Дејан. Потоа ни остануваат неколку дена одмор и летаме за Токио“.

За настапот на Олимпијадата од МТФ велат:

„Што очекуваме?  Она што сигурно го знаеме е тоа дека Дејан Георгиевски е ков на спортист кој може да обезбеди олимписки медал и тоа не на изненадување, туку на чист квалитет. Тој зема злато и сребро на европски првенства и нема дилема дека е во самата елита на овој спорт.

Одиме на злато, инаку не би ни патувале за Токио. Но, ова е спорт и се може да биде, конкуренцијата е пеколна, таму е елитата, но тоа ни е мотив, не страв“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON