Во Германија се обложуваат на Дејан Стeфаноски за нокаут во првата рунда на противникот (ВИДЕО)

Dejann stefanoski ja udira vrekata

Боксерот Иса Топал става приватен влог на мечот меѓу нашиот Дејан Стефановски и натуралзираниот Германец Рохел Гумулјо.

Dejan Stefanoski vo Germnaija na 12 mart

„Ме интересира како македонскиот непоразен борец, Дејан Стефановски, ќе се спарви со нашиот егзотичен Рохел Гумулјо и дали и понатаму ќе остане непоразен. А приватниот облог со Ване Воденски веќе е во оптек. Сигурен сум дека штитеникот на Уве Гебкес и Хејрено Кесел нема да го замени путерот со леб“, напиша Топaл на неговиот ФБ профил.

Дејан Стефаноски на 12 март во Германија ќе ја има најгомлемата и најзначајната ММА борба во неговата кариера.

Стефаноски на 12 март ќе настапи на досега најсилниот настан Топ тен чемпионс (TTC) во Херне, Германија, против германско-индонезискиот борец Рохел Гумулјо.

Гумулјо е од Тим Уве Гебкес и Хеjрено Кесел, кој се плаши од непоразениот противник и сакаат да не се повтори Ајндховен.

Stefanoski i Vaso Bakocevik

Од друга страна, за Стефаноски се вели дека е македонски супер талент кој сака да настапи на УФЦ Загреб и дека е од калибарот Штевен Кнуде. И дека Ване Воденски, таткото на Кристијан Воденски, од германскиот тим ММА Спирит, го гледа како дијамант. Стефаноски досега има три борби и три победи.

Германците се прашуваат дали Дејан ќе го одржи ветувањето да го нокаутира Рохел во првата рунда или Гумулјо ќе се врати на победничките патеки без да оди во втората рунда на традиционален начин.

„Да, му подгтовувам  нешто брутално-нокаут во  првата рунда“, изјави Стефаноски за Ipon.mk, кој се врати од подготовките во Белград и Црна Гора.

Тренерот на Гумулјо, Уве Гебкес, оценува дека борбата на неговиот натпреварувач со Стефаноски ќе биде една од најтешките. „Го подготвуваме Рохел за да може да застане против „гладниот“ противник. Реално гледано, шансите се 50-50“.

https://youtu.be/-ePCu-FkfAY

Тој пеколно се подготовуваше со едни од најдобрите ММА борци во регионот, Србинот Душан Џакиќ и Црногорецот Васо Бакочевиќ.

Нашиот ММА борец ќе добие бонус хонорар ако го совлада противникот со нокаут во првата рунда.

Најзаслужен за овој настап на Стефаноски е Ване Воденски, кој исто така се занимава со ММА и е тренер на Кристијан, кој настапува во повеќе боречки спортови и прито ареди успех до успех.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON