Во Фунакоши Гичин задоволни од златниот медал на ката тимот на Балканското првенство

По освојувањето на златниот медал на машкиот ката тим 12-13 години на Балканското првенство за деца изминатиов викенд во Белград, Србија, од Карате клубот Фунакоши Гичин изразуваат задолволствоо и се надеваат на поголеми успеси на нивната екипа.

Тимот го предвдеше тренерот на клубот кој е и тренер на репрезентацијата, Стојан Андриевски.

Мерис Зверотиќ, Андреј Пешков и Андреј Стојановски (сите се родени 2005 год.) во првото коло ја совладаа Босна и Херцеговина со 5-0, во второто Србија 4-1 и во финалниот меч против Турција триумфираа со максимални 5-0.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON