Во Лондон се одржа бокерската средба на непоразените британски тешкаши за титулите на Британија, Комонвелтот и за ВБЦ интернационалниот појас, Ентони Џошуа (15-0, 15 КО) и Дилијан Вајт (16-1, 13 КО).
На Џошуа ова му прв меч што траел повеќе од три рунди.Родениот Јамајканец го заврши во седмата рунда.
Откако олимпискиот победник го удри Вајт по сигналот за крај на првата рунда, Вајт потполно ја изгуби контролата и го нападна противникот. Настана гужва во рингот која ја расчисти обезбедувањето. Вајт не беше дисквалификуван и можеше да ја продолжи борбата. Веднаш во втората рунда го здрма Џошуа.
https://youtu.be/bEw3KTemTsM
По спектакуларениот почеток останатите рунди беа со умерено темпо.
https://youtu.be/1xETIEx32AQ
Крајот дојде во седмата рунда, кога Џошуа зададе прецизен удар, проследен со уште неколку аперкти со кои го нокаутираше Вајт.
https://youtu.be/-3QqaDIgQhw