Во Чалакли почна пеливанското маратонско борење, денеска продолжи во Дебрешете (ФОТО)

Маратонско пеливанско борење имаше овој викенд, бидејќи се одржаа два меѓународни пеливански турнири, на 7 мај во Чалакли-Валандово и денес во Дебреште кај Прилеп.

Во Чалакло присуствуваше амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Хасан Секизчок, придружуван од д-р Шенол Таир и раководството на Пеливанската федрација, претседателот Амет Осман и генералниот секретар Хамид Бакија.

„После две години пауза поради пандемијата пеливаните, и покрај долгата пауза  пеливаните покажаа  голема желба за борба  имаше  атракција квалитетни борби  имаше претставници пеливани од Турција, Бугарија, Албанија и најдобрите пеливани од Македонија.

Младите пеливани максимално мотивирани со многу атрактивни борби и дават голема надеж за иднината на пеливанскиот спорт.

Наши најдобри пеливани и најатрактивни борби покажаа Увејс Фрјзулаи кој во прва категорија(баш) се бореше во финале со многу поискусниот турски претставник Бурак Кан, иако изгуби, остави голем впечаток дека е на добар пат за баш-пеливан. Исто така, тука се и другите преспективни помлади пеливани Р.Ајдари, Ш.Бислими, Б.Османи, М.Дејан, Б.Махмути, Б.Јусуфу,  А.Азизи и други, како и искусните познати пеливани Д.Бобан, Р.Бакија, О.Имери, С.Ибраими се во добра форма.

Љубителите на пеливанскиот спорт оваа година ќе може да проселдат  над 10 пеливански  турнири со меѓународен карактер“, велат од Пеливанска федерација на С Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON