Хозе Бенавидез, тренер и татко на Давид Бенавидез, упати силно обвинување. Според него, познатиот мексикански боксер Сол „Канело“ Алварез се почесто пие алкохол.
„Дејвид е посилен од Канело. Сол е професионалец од 16-годишна возраст. Ова значи дека неговото тело е истрошено од бескрајни борби, повреди и тренинг-кампови.
Порано беше многу дисциплиниран, работеше многу во теретана, но сега пие се почесто. Порано не би го виделе Канело пијан, но сега е поинаку“, изјави Хозе Бенавидез за Јутјуб каналот на FightHype.com.
Како што е познато, во последната борба Алварез се сретна со Казахстанецот Генади Головкин. Борбата траеше сите 12 рунди, по што Сол победи со едногласна одлука (116-112, 115-113, 115-113).