Усик кажа од кога го нарекува Фјури „шкембар“

Украинскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ИБФ и ВБО, Aлександaр Усик, раскажа како настанал прекарот „шкембар“ што му го дал на актуелниот носител на титулата во ВБЦ, Тајсон Фјури.

Двајцата требаше да се соочат на 29 април и да го одредат првиот неприкосновен шампион во дивизијата, но преговорите пропаднаа.

„Слушај, долго време со приврзаност го нарекував „шкембар“ за да не се навреди. Не се сеќавам кога почнав… Мислам дека никогаш не сум се борел со Ентони Џошуа. Бев број еден на ВБО ранг-листата, а тој напиша дека сум средна категорија, зајак… Така ме нарече одамна.

А јас одговорив „Шкембар, не плачи“. И така продолжи од тој момент. Кога побара да го поделиме хнорарот 70-30 во негова корист се појави прекарот „Алчен Шкембар“, изјави Усик во интервју за Јутјуб каналот „Киев спорт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО