Чарлс Оливеира и Ислам Махачев прв пат се видоа пред нивната борба.
Ова се случи во хотелот каде што се чуваат борците на организацијата. Овој викенд двајцата ќе се борат за испразнетата титула во лесна категорија. Махачев и Оливеира ќе ја предводат главната борба на УФЦ 280 што ќе се одржи во Абу Даби.
Чарлс е поранешен шампион во дивизијата. Во мај оваа година требаше да ја брани титулата против Џастин Гејџи. На мерењето Чарлс не успеа, што резултираше со одземање на титулата. Тој го победи Гејџи, но појасот остана неподигнат.
Махачев доаѓа по победата над Боби Грин, кого го совлада во февруари оваа година. Ислам влегува во борба со Оливеира како фаврит на обложувалниците.
View this post on Instagram
View this post on Instagram