Внук на Мухамед Али – од манекен до кафезот ММА

Спортската личност број 1 на дваесеттиот век – Мухамед Али ќе има уште еден наследник кој ќе се обиде да го заштити легендарното семејство. По неговата непоразена ќерка Лејла Али и внукот Нико Али-Валш, кој добро ја започнува боксерската кариера, сега на дневен ред е уште едно име. Станува збор за братот на Нико, Бјаџо Али-Волш.

23-годишниот внук на големиот Мухамед ќе се обиде да остави трага во ММА кафезот. Тој реши да им сврти грб на деновите како фудбалер на колеџ, како и на деновите на модел, откако се појави во голем број реклами за познати брендови. Наместо тоа, Бјаџо се сврте кон мешани боречки вештини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Biaggio (@biaggioaliwalsh)

Тој вечерва ќе дебитира во аматерскиот синџир „Фјужн фајт лига“. Али-Волш ќе се соочи со Девин Ротвел во првиот меч како ММА борец. Бјаџо започна намерно да тренира на почетокот на пандемијата во пролетта 2020 година и две години подоцна изгледа дека е подготвен да влезе во кафезот.

„Откако решив да не играм фудбал се чувствував збунето и не знаев каде да одам. Почнувајќи од ММА, повторно имам цел. Се издигнав емотивно, физички и психички. Отсекогаш сум бил голем љубител на ММА и боксот, но до пред две ипол години не сум тренирал“, изјави Али-Волш.

Тој додава дека сака да ја задржи семејната традиција и да успее во кафезот.

„Би рекол дека растејќи околу рингот, јас сум напаѓач. Но, мислам дека сум комплетен во секој поглед и можам да изградам позитивности од секој агол. Важно е да не го оцрнам семејството, па ќе има тензија“, изјави Бјаџо.

Неговиот брат Нико има 5-0 во професионалниот ринг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON