Најскапиот билет за мечот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао достигна до феноменални 361,894 долари. Влезницата беше пуштена во продажба преку интернет, а местото за гледање е непосредно до рингот.
Според коментарите на форумите, огласот може и да е лажен. На американските сајтови за продажба може да се најдат билети чија цена започнува од 4.600 долари. Шпекулациите почнаа, а црната берза почна да нуди влезници за навивачите кои сакаат да бидат присутни на официјалното мерење. Нивната вредност е помеѓу 200 и 700 долари. Мерењето ќе се одржи в петок.
Денес Мани Пакијао ќе се упати кон Лас Вегас. Тој ќе го одработи последниот тренингот во Лос Анџелес, а веднаш потоа заминува со својот тим за Лас Вегас, каде во саботата вечер ќе се одржи најголемиот меч во историјата на боксот.
https://youtu.be/MngoDa3HnbE