Боксерскиот спектакло меѓу шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури и Дилиен Вајт ќе се одржи на 23 април пред полна трибина на Вембли.
Имено, сите билети (85.000) пламнале за 90 минути, колку што биле пуштени во продажба.
Организаторите ќе го зголемат капацитетот на настанот со поставување на дополнителни столчиња на теренот до рингот. Огромниот интерес за настанот за боречки вештини ги изненади сите, вклучително и Џипси кинг.
„Фјури ми се јави и рече: Навистина сум изненаден, не мислев дека сè ќе биде распродадено толку брзо“, изјави промоторот Еди Херн и додаде:
„Тој е сосема поинаква личност приватно отколку што се прикажува јавно или кога се појавува на социјалните мрежи. Тој е заинтересиран за сè и знае сè“.