Владимир Трпаноски е нов претседател на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) откако синоча беше избран на Собранието во Прилеп. Изборот следуваше по оставката на досегашниот претсдеател Зегљуљ Реџепи.
Владимир Трпаноски е поранешен џудист, долгогодишен активен член на федерацијата, етаблиран професионалец во деловното опкружување и актуелен комерцијален директор на Витаминка А.Д. – Прилеп.
На Собранието учествува 39 делегати од вкупно 21 џудо клуб од Федерацијата. На дневниот ред беа разгледани точки поврзани со тековната работа и функционирање на федерацијата.
Собранието донесе Одлука за смена на членовите и на Извршниот и на Надзорниот одбор. Со едногласно се избраа нови членови на овие органи. За нови членови на Извршниот одбор на ЏФМ се избрани: Авни Реџепи, Благоја Гешоски, Љубен Андријашевиќ, Марјан Колев, Иван Живковски, Ерол Шерифовски, Николче Мариновски, Бошко Вељановски, Сашо Јанакиевски и Горан Антевски, а за нови членови на Надзорниот одбор се избрани: Снежана Патирова, Димче Шипинкаровски и Борче Павлов.
Покрај изборот на новиот состав на органите на Федерацијата, на Собранието беа изгласани и новите потпретседатели, Благоја Гешоски и Горан Антевски.