Владимир Путин го постави поранешниот кикбоксер Бату Хасиков за претседател на Република Калмикија.
Калмикија е еден од најсиромашните руски региони.
Се наоѓа на северозападниот брег на Каспиското Езеро. Има околу 300.000 жители, а главен град е Елиста.
Интересно е што Калмици е единствениот европски народ чија мнозинска религија е будизмот.
38-годишниот Хасиков за време на неговата кариера ги освоил титулите ВАКО Про, ИСКА, ВКА и В5.
Победувал познатите имиња како Мајк Замбидис (два пати), Алберт Краус, Гаго Драго и Ворен Стивенсманс, но исто така бил познат и како борец кој се борел исклучиво на домашен терен со сите придобивки што одат со тоа.
Беше коосновач и промотор на ММА организацијата Евроазија фајт најтс (EFN).
Од 2003 година работи во полициските сили, а од 2008 година стана политички активен.
Хасиков во 2011година го одбрани докторат по политички науки, но дипломата му е одземена откако Академскиот совет утврдил дека неговата дисертација е плагијат.
.