Светскиот шампион во тешка категорија на четири федерации, Владимир Кличко, ги посочи неговите главни конкуренти во оваа категорија.
„Британецот Ентони Џошуа е еден од најталентираните боксери во тешка категорија. Ако продолжи така да се презентира, како што тоа го прави и сега, тој ќе влезе во историјата. Тој има огромен потенцијал. Има уште еден сериозен конкурент – Роберт Хелениус од Финска“, изјави Кличко Јуниор во интервју за БиБиСи.
Во интервјуто за ББС Украинецот рече дека уште неколку млади боксери се способни да се боксираат со него, кои се малку познати, но имаат добри рејтинзи. Кличко не ги прецизираче нивните имиња.
Ентони Џошуа, кој во друго интервју од Владимир Кличко беше наречен „потенцијална голема ѕвезда на боксот“, е олимписки шампион од Лондон 2012 година. Џошуа во професионалниот ринг има 13 победи, сите со нокаут. Хелениус е 31годишен фински боксер, кој има 21 победа, од кои 13 се со нокаут. Следната средба на Владимир Кличко е на 24 октомври во Дизелдорф (Германија) против Британецот Тајсон Фјури (27 години). Во професионалниот ринг Владимир Кличко има 64 победи и 3 порази.
https://youtu.be/0jQQ_g5qKvs