Владимир Кличко не ја порекнува можноста да се врати во професионалниот бокс. Украинската тешкашка легенда доби неколку последователни понуди од Еди Херн и ДАЗН.
„Секогаш има простор за гласини“, коментираше Кличко, додавјќи: „Мило ми е што навивачите сакаат да ме видат во рингот. Засега мојот статус останува непроменет. Но, ја знаете за приказната – „Никогаш не вели никогаш““.
One of my interpretations of success is about forming your habits, or maybe better to say, F.A.C.E. your habits in 2019! Believe-Willpower-Motivation-Discipline=HABIT! 💪 pic.twitter.com/7SeQnrBp1C
— Klitschko (@Klitschko) January 9, 2019
Украинецот 10 години беше тотален господар во тешка категорија. Неговиот последен меч беше во април 2017 година. Во феноменална борба беше нокаутиран од Ентони Џошуа во 11-тата рунда.
.