Светскиот шампион во бокс во супер тешка категорија, Владимир Кличко, продолжува со подготовките за претстојната борба со Тајсон Фјури. Една од најважните компоненти во тренинг програмата на носителот на титулите на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО се активностите во базенот.
„Освен што работам на мојата издржливост и подвижност на рингот, јас секој ден тренирам и во базенот“, изјави Владимир Кличко.
Да потсетиме дека мечот на Кличко и Фјури е на 24 октомври во Диселдорф.
https://youtu.be/_KXiXkQloFA