Владимир Кличко: Сите ветуваат дека ќе ме тепаат, но на рингот се случува нешто друго!

Klicko

Во интервју за РТЛ, Владимир Кличко одговараше на повеќе прашања поврзани со Њујорк, Флорида и претстојниот меч со Брајант Џенингс. Една работа многу јасно и гласно ја кажа, која можеби е тајната на неговата несовладливост: „Во главата сум Германец, срцето ми е украинско“!

Мечот против Брајант Џенингс е 42 против Американец и 12-ти во Америка. Сакате ли да се претставите во добро издание пред толку критична публика, како што е оваа во Њујорк?

– Дефинитивно ќе биде грешка да се адаптирам кон публиката. Не треба да се прилагодува кон кого и да е. Но сето тоа зависи и од противникот, за танго се потребни двајца. Сигурен сум дека Џенингс ќе се претстави добро и нема да бега, за да избегне удари. Но, никогаш не се знае што ќе се случи во рингот. Прикаските пртходно се лесни. Султан Ибрахимов ветуваше дека ќе ме удира во стилот на Мајк Тајсон, Дејвид Хеј и Еди Чемберс зборуваа дека ќе напѓаат, за да ја стигнат мојата муцка. Ветувањата и заканите пред натпреварот не значат ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON