Ивандер Холифилд се пофали на социјалните мрежи дека друга легенда во тешка категорија – Владимир Кличко – се врати во салата за да го подготви за враќање на рингот.
Потсетуваме, во јуни 2020 година беше извесно дека во тимот на Холифилд се наоѓаат помладиот брат Кличко и уште еден поранешен светски шампион – Антонио Тарвер.
„Денес започнуваме работа со мојот човек“, напиша Холифилд на својот профил на Инстаграм.
Ивандер Холифилд е една од најголемите легенди на професионалниот бокс. Минатата година единствениот боксер во тешка категорија кој стана четирикратен светски шампион најави враќање во рингот. Само тој, досега стана апсолутен светски шампион и во полутешка и во тешка категорија.
Мајк Тајсон исто така најави враќање, дури и веќе имаше еден меч. Заврши нерешено против друго големо име од блиското минато – Рој Џонс – Јуниор во егзебициски меч, кој се одржа кон крајот на ноември 2020 година.