Владимир Кличко се уште го смета Џошуа за број 1

Легендата на боксот Владимир Кличко објави дека Ентони Џошуа е најкласен боксер во тешка категорија. Двајцата учествуваа на незаборавниот меч натпревар во 2017 година. Британецот тогаш беше соборен со тежок нокаунд, но успеа да се дигне и да го откаже еден од најголемите шампиони во историјата.

„Ако треба да изберам само една личност, тој треба достоинстевно да го претставува својот спорт“, рече Кличко и додаде: „Неопходно да биде добар боксер кој користи комбинации. Да е спортсит. Да има добар имиџ. Ентони Џошуа е токму таков. Не смееме да го заборавиме и Енди Руиз. Никој не очекуваше нешто конкретно од него. Тој успеа да го победи Џошуа, иако беше аутсајдер. Тешката категорија е многу интересна. Овие врвни боксери треба да се борат меѓу нив. Ако треба да изберам само еден, тогаш за мене тоа е Џошуа. Сигурен сум дека тој е способен да се врати“.

https://www.youtube.com/watch?v=RqcFZqtra3o&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО