Поранешниот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко oбјави крај на боксерската кариера, со што ја отфрли можноста за реванш против Ентони Џошуа од кој беше нокаутиран на Вембли во април.
41-годишниот Кличко ги закачи ракавиците на клин, украинскиот боксер стави крај на неговата извонредна кариера.
„Освоив се за што сонував и сега сакам да ја започнам мојата втора кариера надвор од спортот“ – изјави Клучко.
„Никогаш не можев ниту да замислам дека ќе имам толку долга и неверојатно успешна боксерска кариера“.
„Благодарност до сите кои секогаш ми даваа поддршка, особено на мојата фамилија, мојот тим и моите фанови кои ги имам во голем број“.
Клучко беше олимписки шампион во супертешка категорија во Атланта 1996, по што премина во професионалниот бокс. Најуспешниот период му е од 2006 до 2015 кога без пораз ги обедини сите титули.
.