Владимир Кличко ја разочара боксерската јавност повлекувајќи се од најавуваната борба со Тајсон Фјури. Пресметката меѓу двајцата врвни боксери беше закажана за 24 октомври во Дизелдорф, но Украинецот денеска обелодени дека поради повреда не е во можност да се бори против Фјури.
„Жалам што морам да ве информирам дека мораме да ја одложиме борбата со Тајсон Фјури поради ситна повреда. Се работи интензивно на наоѓање на нов термин за што веднаш ќе бидете известени“ – напиша Кличко на својот фејсбук-профил.
Самиот Фјури изрази сомнеж дека Кличко навистина е повреден.
„Сега е официјално, Кличко се откажа од борбата поради повреда на ногата. Смешно е, бидејќи пред извесно време најавив дека токму ова ќе се случи. Жал ми е за фановите што веќе платија авионски летови и хотели“ – истакна британскиот боксер.