Поранешниот владател во тешка категорија Владимир Кличко навести дека може да ја продолжи кариерата во наредните години. Украинецот е привлечен од можноста да стане најстар шампион во тешка категорија. Рекордот моментално го држи Џорџ Форман, кој триумфираше на 45-годишна возраст. Кличко во моментов е 43 години.
„Не ја исклучувам можноста за враќање. Би го сторил тоа за рекордот. Џорџ Форман имаше 45 години кога стана шампион и ова е прекрасно постигнување“, вели Кличко за „Дејли меил“.
Украинецот се повлече од рингот по 69 натпревари, во кои оствари 64 победи, од кои 53 беа со нокаут. Тој има и златен медал од Олимпијадата во Атланта во 1996 година.