Денеска живата легенда на светскиот бокс, Владимир Кличко, наполни 40 години. По повод јубилејот на поранешниот светски шампион во супер тешка категорија фан страницата на браќа Кличко одлучи да направи ретроспектива и да и покаже на навивачите како се менувал Владимир текот на годините.
На 1 година: Малиот Владимир Кличко со својот брат Виталиј, кој е пет години постар од него.
На 5 години: Владимир Радионович и Надежда Улјанова Кличко со своите синови.
На 10 години: Владимир со својот брат Виталиј.
На 15 години: Владимир веќе почнал да се занимава со бокс и учи во училиштето за олимписки надежи. Негов идол во тоа време е Арнолд Шварценегер.
На 20 години: Владимир освои златен медал на Олимпијадата во Атланта. Неколку месеци подоцна двајцата браќа Кличко дебитираат на професионалниот ринг.
На 25 години: Браќа Кличко со легендарниот германски боксер во супер тешка категорија Макс Шмелинг.
На 30 години: Владимир по втор пат победува Крис Бирд и ја освои светската титула во верзиите ИБФ и ИБО.
На 35 години: По победата на Владимир над Дејвид Хеј во семејството Кличко се наоѓаат сите појаси во сите најпрестижни верзии на светскиот бокс.
На 40 години: Среќниот татко Владимир со ќерката Каја-Евдокија.