Поранешниот украински шампион во бокс во тешка категорија Владимир Кличко зборува за одлуката на неговиот сонародник Александар Усик да ја напушти Украина за да се подготви за мечот со Британецот Ентони Џошуа.
Шампионот во тешка категорија на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО изјави дека ќе биде покорисен во рингот отколку на фронтот. Ова е многу интересна промена од страна на Усик.
Пред само еден месец тврдеше дека му е најважна татковината, а не појасите во тешка категорија. Сепак, Александар се предомисли и ќе почне да се подготвува за реванш.
„Тука има добри и лоши страни, а за Александар ова не беше лесна одлука.
Тоа што ќе се подигне нашето знаме и ќе се свири химната на нашата држава може да се смета за позитивно отколку негативно.
Интересен факт е дека на мажите во Украина им е забрането да ја напуштаат земјата за време на војната. Очигледно ќе се направи исклучок за Усик“, изјави Кличко за Усик во интервју за Телеграф.