Поранешниот светски шампион Владимир Кличко објави книга на германски јазик, според украинското издание korrespondent.net. Трудот на Кличко е насловен „Управување со предизвици“.
Книгата е во областа на економијата и бизнисот, а на 256 страници, Кличко објаснува кои начини и методи можат да постигнат високи цели во деловните процеси. На презентацијата на својот труд, 41-годишниот Украинец призна дека е на почеток на својата втора кариера, која очекува да биде исто толку успешна како и првата.
Како што е познато, Владимир Кличко го објави крајот на неговата кариера на 3 август 2017 година, кога се подготвуваше за реванш натпреварот против Ентони Џошуа.
https://www.instagram.com/p/BYa8JuXAbDv/
.