Владимир Кличко и понатму спарингува со полн интензитет (ВИДЕО)

Иако речиси пред година и пол го одработи својот последен меч, а малку потоа и официјално се пензионира, Владимир Кличко и понатму работи во салата како да е професионалец кој се подготвува за меч. Тое е лесно да се заклучи спаринг снимките што ги објави на својот профил на Инстаграм.

Владимир во последно време може да се види насекаде по светот. Патува, го промовира боксот и неговота „Кличко фондација“ и да се дружи со луѓе и едноставно ужива во животот, како што апсолутно заслужил со неговите резултати. Но, овој вечен пример на вистински спортист и боксер не го напушти од она со што се прослави. Се уште редовно наоѓа време за тренинг, а намерата му е да остане во форма, но далеку од тоа дека премногу го намалил интензитетот на истите.

Според тоа како изгледа новиот спаринг многу би претпоставиле дека сенаоѓа на подготовки за меч, иако истакна дека негово враќање нема да видиме. 42-годишниот Украинец во кариерата одработи 69 борби, запиша 64 победи, а непоразен беше 2004-2015 година, кога наредени 22 победи по ред, со еден од најдолгиoт тешкашки шампионски стаж во историјата на професионалниот бокс. Освен тоа, освојувач е на олимпиското злато во Атланта во 1996 година, што сигурно во сумирањето го прави еден од најуспешните во боксерската историја.

https://www.instagram.com/p/BnJEPvCAO4o/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON