Украинскиот боксер Владимир Кличко (64 – 5, 53 КО) бил опериран уште во соблекувалната, веднаш по натпреварот со Ентони Џошуа (19-0, 19 КО) на 29 април во Лондон. Владимир бил опериран од специјалистот по пластична хирургија од Хамбург, д- р Кристоф Крјус. Тој беше дел од тимот на Кличко, во случај на повреда на Владимир, за да не се наметне одење во непозната клиника, објави германскиот Билд.
По мечот против светскиот шампион на ИБО, ИБФ и ВБА, Кличко имаше оперативен зафат на расекотината од 3-сантиметри на аркадата над левото око, добиена во 5-тата рунда.
Првично, за време на средбата во аголот на рингот, аркадата била обработена од легендарниот Џејкоб Дуран – Дјуран. Еден од најпознатите специјалисти во светот, чија обврска е да спречува повреди и да лекува рани на спортистите, го сопрел крварењето – ја обработил раната со раствор од адреналин и ставал облоги со мраз, Благодарение на тао 41-годишниот Украинец успеал да продолжи да се бори во мечот за титулата. Дуран ја повторувал оваа постапка на секоја пауза меѓу рундите до крајот на мечот.
На крајот на средбата за лекување на раната се приклучил и д-р Кристоф Крјус. Операцијата вклучувала поставување на 9 шевови.
„Раната не беше длабока, во ниските слоеви на кожата не требаше да се шие. Значи еден ред беше доволен“, изјави хирургот.