Владимир Кличко до Томас Бах: Не дозволувајте Русија да учествува на Олимпијадата или историјата ќе ви суди! (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, апелираше до претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах да ја спречи Русија да учествува на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Украинската боксерска легенда е на мислење дека Русите воопшто не треба да им се дозволи учество на Игрите. Неговите зборови доаѓаат откако стана извесно дека МОК разговара да има спортисти од земјата под неутрално знаме, како што беше случајот на Австралија опен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wladimir Klitschko (@klitschko)

„Не правете го тоа или ќе го предадете олимпискиот дух. Не ја правете оваа монументална грешка. Светот те гледа. Историјата ќе ви суди. Среќно со вашата одлука“, рече Кличко на својата страница на социјалните мрежи, а на видеото зад него се видливи воени урнатини.

Самиот Бах неодамна изјави дека индивидуалните спортисти не треба да бидат дискриминирани со исклучување, дури и ако страните се во конфликт.

Летните олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON