Владимир Кличко: Чесно кажано, искористувам само 20-30 проценти од моите можности!

Klicko puka

Светскиот шампион во тешка категорија на четири федерации, Владимир Кличко, изрази уверување дека сега нема способен боксер да го победи.

„Ако направам квалитетни подготовки и не се повредам, тогаш ниту еден од противниците нема шанси против мене. Залутан (среќен) удар во борбата со мене е можен, но само ако јас спијам. Но во рингот сум буден. Искрено, често пати само 20- 30 проценти ги користам од моите можности“, изјави Владимир Кличко за украински бокс сајт.

На 25 април во Њујорк Украинецот Владимир Кличко ќе ги брани титули против Американецот Брајант Џенингс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON