Украинскиот боксер Владимир Кличко и американската актерка Хајден Пeнетир ја крстеја шест месечната ќеркичка Каја – Евдокија во татковината на светскиот шампион во супертешка категорија. Двајцата за обредот ја избраа Киево – Печерската Лавра, иако во поголемиот дел од времето семејството живее во САД .
На крштевњето на малата Каја присуствуваа само роднини и најблиски пријатели на семејството, вклучувајќи го и брат му Виталиј Кличко, неговата сопруга Наталија и нивните деца.