Владимир Егоров го тушира Леван Вартанов и ќе се бори за бронза на ЕП (ВИДЕО)

Владимир Егоров (-57 кг) славеше во репасажот против со Шпанецот Леван Вартанов и ќе ќе се бори за бронзениот медал со Андреј Дуков од Романија на Европското првенство во борење за сениори во слободен стил во Букурешт, Романија.

При резултат 3-3 Егоров го тушира Вартанов. Борбата за 3-то место е во 18 часот. Покрај Егоров и Могамедгаџи Нуров ќе се бори за бронзата против Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан).

Елмедин Сејфулаху загуби со технички туш од Бека Ломтаѕе од Грузија 0-10, но може да се надева на репасаж бидејќи противникот е полуфиналето, а голема е веројатноста да се пласира во финалето.

Резултати
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Симоне Ијанатони (Италија) 11-0 (ТТ)
Могамедгаџи Нуров – Мураз Мчедлизе (Украина) 5-4
Полуфинале
Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија) 0-12 (ТТ)
За бронза
Могамедгаџи Нуров – Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан)

-57 кг
Владимир Егоров – Муслим Садулаев (Русија) 2-5
Репасаж
Владимир Егоров – Леван Вртанов (Шпанија) 3-3 (туш)
За бронза
Владимир Егоров – Андреј Дуков (Романија)

-61 кг
Елмедин Сејфулаху – Бека Ломтаѕе (Грузија) 0-10 (ТТ)

https://www.facebook.com/konstantinov.erkhan/videos/2371455889565767/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON