Владата парично ќе ги награди освојувачот на сребрениот медал на ОИ Георгиевски и неговиот тренер

Владата на Македонија донесе едногласна одлука за доделување парична награда на двоецот кој ја направи горда цела нација, па така според заслугите, вкупната сума ќе изнесува 40 илјади евра.

На 92-та редовна седница на Владата, одлчено е Дејан Георгиевски да добие парична награда од 20 илјади евра (1.200.000 денари) за освоениот сребрен медал на Олимписките игри, додека неговиот тренер, Дарко Костовски ќе добие 10 илјади евра (600.000 денари).

Поради значајни спортски заслуги, таеквондистот Дејан исто така ќе биде награден со дополнителни 10 илјади евра од Агенцијата за млади и спорт (600.000 денари).

Георгиевски вчера се претвори во нов национален херој поради брилијантните изданија кои ги понуди во Токио, каде на таеквондо турнирот успеа да прокнижи три победи, пред да понуди и жестока битка во финалето.

Таеквондо мајсторот од Бутел го освои сребрениот медал, а златниот му припадна на Владислав Ларин од Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON