Вјлдер: Ако се врати Кличко, нема да сака да му застане на патот на Дионтеј

Се погласно се зборува за враќањето на Владимир Кличко (64-5, 53 КО).

43-годишниот Украинец доби понуда од стриминг сервиост ДАЗН, а се зборува за 70 милиони долари и повеќе.

Се претпоставува дека ако се врати би можел да се бори со Дионтеј Вајлдер (40-0-1, 39 КО).

Шампионот на ВБЦ се подготвува за деветата одбрана на светската титула во тешка категорија против Доминик Бризил на 18 мај во Њујорк. По тој меч повеќе го интересира реваншот со Тајсон Фјури или борба за неприкосновен првак со Ентони Џошуа отколку борба со Украинцот.

33-годишниот Американец во минатото како спаринг партнер му помагаше на Владимир Кличко за време на подготовките за одбрана на светската титула.

„Мислам дека тој нема да ја сака таа борба, ако го сакате моето искрено мислење. Кличко имаше многу прилики да ме предизвика. Секој пат кога се враќа никој пат не го споменува името на Дионтеј Вајлдер, бидејќи знаат дека тоа е тешка борба. Јас сите ги ставам во позиција да тренираат како што никогаш до тогаш не тренирале“.

„Мислам, ако Кличко се врати, нема да сака да му застане на патот на Дионтеј Вајлдер. Не можам да кажам дека тој е поранешен и дека некогаш бил некој. Тој се уште е Кличко. Направи неверојатни работи во кариерата и тоа никој не може да го порекне. Дури и кога бев на тренинг-кампот со него научив многу“.

„Но, знаете како е тоа на боречката сцена. Мора да се врати и да победи, повторно да предизвика интерес. Особено ако сакате да се борите со некого како мене. Јас сум убиец. Јас не си играм со никого. Искрено, мислам дека нема да ја сака таа борба. Кличко имаше многу можности да ме предизвика“.

Кличко последен пат се бореше во април 2017 година кога на Вембли во борбата за насловите на ВБА, ИБФ и ИБО загуби од Ентони Џошуа со нокаут во 11 рунда. Во претходниот меч во ноември 2015 година во Дизелдорф беше поразен од Тајсон Фјури со едногласна одлука на судиите и ги загуби ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО појасите и титулата светски првак која ја држеше за речиси десет години по ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON