На прес-конференцијата за УФЦ 205, Конор Мек Грегор изјави дека има намера да стане шампион на две категории и да ги држи двата појаси. Денес Дана Вајт, сепак, и вети на сите оние кои сметаат дека тоа е не фер, дека тоа нема да се случи.
Ирец рече дека ќе треба да подигнат цела армија за да му биде одземен една од двата појаси, што уште повеќе ги разлути навивачите и новинарите кои веруваат дека дури и не заслужува шанса да го нападне Еди Алварез. Вајт пред оваа прес-конференција тврдеше дека Конор, во случај на освојување на појасот, сепак од едниот ќе мора да се откаже, а денеска тоа го повтори:
„Ќе имаме еден од тие два појаси. Ветувам дека еден од нив ќе го вратам. Не можеш да врзеш две категории, едноставно не можеш. Му ја давам оваа можност, бидејќи Конор е еден од, така да се каже, овие момци. Секогаш беше подготвен да прискокне, да прифати голема борба, па дури и кога таа нема смисла. Затоа е тој е толку популарен, бидејќи луѓето сакаат него и тој во секоја борба влегува да направи вистинско шоу. Го сакам Конор, но доколку би ги имал двата појаси, еден ќе мора да ни врати“.
Исто така се споменува дека Мек Грегор по настанот ќе оди на неколкумесечна, ако не и подолга пауза од борбите и да се посвети на семејството. Во секој случај, никој не знае што ќе се случи, но исто така веруваме дека тоа не може да се земе за сигурно што го вели Дана Вајт. Веќе повеќе пати, особено во случајот на Конор Мек Грегор, знаеше да се премисли.