На неочекуван начин заврши боксерскиот меч меѓу Александар Емелијаненко и Вјачеслав Дацик. Борбата меѓу поранешните затвореници заврши за 13 секунди.
Борбата заврши со победа на Дацик со нокаут во 13 секунда. Дацик активно излезе и испорача соборувачко лево кроше кое го нокаутира Емелијаненко. Александар изгледаше во добра форма за која тренираше 4 месеци, но тоа не му помогна во борбата.
„За 13 години се акумулираше многу, па морав да завршам сè толку брзо. Жал ми е што го нокаутирав толку брзо. Шоуто не успеа. Сè зовре и веднаш експлодира“, рече Дацик за времетраењето на битката.
Александар пак повика на реванш.
„Не знам што се случи. Да организираме реванш“, им се обрати Емелијаненко на организаторите.
Дацик им понуди на организаторите веднаш да одржат уште една борба, но бил одбиен. Што се однесува до Емелијаненко, многу е интересно во кој правец ќе му оди кариерата и животот. Беше во навистина добра форма. Се надеваме дека нема да се препушти на обилно пиење по поразот.
Ова е најбрзиот и дефинитивно најпонижувачкиот пораз во кариерата на Александар Емелијаненко.
Datsik obliterates Alexander Emelianenko in under 20 seconds pic.twitter.com/IW6a8OkHKx
— caposa (@Grabaka_Hitman) September 24, 2022