Освојувачот на сребрениот медал во кати на Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, Абдурахим Идризи од КК Макпетрол, денес имаше прием во Општина Бутел.
Во Општината се горди на нивниот сограѓанин Идризи, затоа ја афирмирал со својот успех, при што му посакаа уште поголеми успеси.
Од друга страна, со секретарот на Општината, Вене Тасев, имаа тема за муабетење, бидејќи тој е поранешен борач, а Абдурахим вети уште успеси.
Ipon.mk/В.Д.