Бразилската ММА легенда Витор Белфорт наскоро повторно ќе влезе во рингот. Феном во септември минатата година имаше егзибициски меч против поранешниот боксерски шампион Ивандер Холифилд, во кој славеше со прекин во првата рунда.
Бразилецот договори нова борба, а на 15 октомври ќе учествува на настан во Шефилд против Хасим Рахман Јуниор.
Американскиот борец неодамна требаше да боксира против Јутјуб ѕвездата Џејк Пол, но таа борба беше откажана.
Тоа ќе биде втор професионален меч за Белфорт. Дебито во рингот го имаше во април 2006 година кога го победи Хосемарио Невес со нокаут во првата рунда.
Хасим Рахман Јуниор во текот на кариерата забележа 12 победи (шест нокаути), а единствениот пораз го претрпе на последниот меч.
Кон крајот на април загуби со прекин во петтата рунда од Кензи Морисон.