Виталиј Кличко е убеден дека неговиот сонародник Олександар Усик ќе стане светски шампион во полутешка категорија во 2016-тата. На олимпискиот шампион од Лондон во категоријата до 91 кг му оди многу добро во професионалците. Тој ите девет натпревари ги доби со нокаут и брзо се искачи на првите позиции во светските ранглисти.
„Мило ми е што покажува добри резултати во рингот. Верувам и сум уверен дека во 2016-тата ќе организираме негов натпревар за светската титула и знам дека тој ќе победи, Изјави Виталиј Кличко, чија компанија К2 Промоушнс се грижи за кариерата на Усик.
Усик веќе е официјален предизвикувач за титулата на Кржиштоф Гловачки, кој до неа дојде по победата над Марко Хук. Се уште не е јасно кога 28-годишниот Украинец ќе се врати на рингот.